Синоќа околу полноќ, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од електронската пошта на институцијата
Државниот инспекторат за животна средина соопшти денеска дека синоќа биле цел на хакерски напад.
Како што се посочува, околу полноќ, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од електронската пошта на Државниот инспекторат за животна средина.
Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во имејл платформата на Инспекторатот.
„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“,
се наведува во соопштението на Инспекторатот.
