Споредено со јули годинава, кога минималната кошничка изнесуваше 48 620 денари, минатиот месец таа е зголемена за 725 денари и покрај падот падот на инфлацијата
За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му биле потребни 49 345 денари, покажуваат податоците од минималната синдикална кошничка што секој месец ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Споредено со јули годинава, кога минималната кошничка изнесуваше 48 620 денари, минатиот месец таа е зголемена за 725 денари и покрај падот падот на инфлацијата која во јули изнесува 8,3 отсто.
Зголемувањето на минималната кошничка за минатиот месец, додаваат од ССМ, е најголемо во ставката храна и пијалаци, односно 1,9 отсто.