Властите го одобрија 2-ДГ и тој ќе се користи за прв пат во болниците низ главниот град Њу Делхи, иако некои критичари предупредуваат дека нема доволно податоци за да се поддржи итно одобрување на овој лек
Индија започна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на ковид-19.
Властите го одобрија 2-ДГ и тој ќе се користи за прв пат во болниците низ главниот град Њу Делхи, објави Би-би-си.
Во соопштението од Владата се вели дека лекот ќе биде од голема корист за луѓето кои боледуваат од ковид-19.
Сепак, некои критичари предупредуваат дека нема доволно податоци за да се поддржи итно одобрување на овој лек за третман против ковид-19.
Лекот – 2-деокси-Д-глукоза или 2-ДГ – е развиен од Организацијата за истражување и развој на одбраната (ДРДО) во соработка со фармацевтската компанија „Д-р Редис“. Резултатите од клиничките испитувања покажале дека тој помага за побрзо опоравување на хоспитализираните пациенти и ја намалува дополнителната зависност од кислород, објави индиската Влада.
Здравствените експерти, сепак, изјавуваат дека недостатокот на податоци за влијанието на лекот во испитувањата врз луѓе ја доведува во прашање неговата ефикасност.
Со повеќе од 24 милиони случаи и 270 000 смртни случаи, Индија сега е епицентар на глобална пандемија.
Болниците низ целата земја веќе немаат празни кревети за нови пациенти или кислород, како и крематориумите.
Владата соопшти дека лекот ќе се користи како дополнителна терапија во умерени до тешки случаи на корорнарна срцева болест.