Мизогинијата да биде прогласена за злосторство направено од омраза, вели градоначалникот на Лондон, Садик Кан
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, бара малтретирањето на жените да се третира како кривично дело. Тој вели дека во земјата се случува епидемија од насилство врз жени и девојчиња.
„Меѓу минатогодишниот и годинешниот Меѓународен ден на жената, 180 жени се убиени од мажи низ нашата земја. Имаме епидемија кога станува збор за насилство врз жени и девојки“,
нагласи Кан.
Тој додаде дека девојчиња биле принудени да го сменат начинот на облекување на пат кон училиште поради однесувањето на момчињата кон нив.
„Мислам дека мораме да ја прогласиме мизогинија за злосторство од омраза. Сметам дека малтретирањето жени во јавност треба да биде кривично дело“,
додаде Кан.
Градоначалникот ги даде тие коментари по убиство на наставничка во основно училиште минатиот викенд. Во јули, британската влада објави стратегија за борба против насилството врз жените и девојчињата, ветувајќи поголема поддршка на малцинските заедници.