Амбасадорот на САД, Џес Бејли во последното интервју пред неговото заминување од земјава за емисијата „360 Степени“ на Алсат, направи споредба меѓу владеењето на претходната и сегашната влада и реакциите од Американската амбасада.
Амбасадата беше многу гласно за демократското назадување во годините од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Сега некако сте воздржани. Дали тоа значи дека нема што да и забележите на актуелната влада?
Видете, ние продолжуваме искрено да се грижиме за демократијата, за независноста на судството, за владеењето на правото. Се разбира, ќе продолжиме да зборуваме за тие прашања постојано. Разликата сега, би рекол, е што има многу поголема јавна дебата, многу повеќе критички настроена дебата меѓу владата и медиумите, граѓанското општество за овие прашања. Луѓето не само што отворено посочуваат области во кои владата можеби не ги исполнува ветувањата што ги даде, туку се посочуваат и примери на злоупотреби, на пример, актуелната дискусијата за клиентелизам и непотизам и така натаму. Тоа се прашања кои се вадат на површина, се дебатираат, од новинарите, од граѓанското општество, од граѓаните и тоа сосема отворено. Тоа е нормално функционирање на демократијата. Прашањето не е дали има или нема грешки. Прашањето е дали тие се дебатираат и дали се постапува по нив низ политиката, низ институциите и би рекол дека има разлика и таму. Таму каде што ќе забележиме прашања што се загрижувачки, ќе продолжиме да зборуваме за нив. Имаме годишен извештај за човековите права и така натаму. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа.
Напишете коментар