Форбс и Блумберг тврдат дека Маск на прво место бил престигнат од Бернард Арно
Американскиот мултимилијардер Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот откако вредноста на неговите акции во компанијата за електрични автомобили „Тесла“ драстично падна. Форбс и Блумберг тврдат дека Маск на прво место бил престигнат од Бернард Арно, извршен директор на синџирот на луксузни стоки LVMH.

Маск е извршен директор и најголем акционер во „Тесла“, со пријавен удел од околу 14 отсто, а во октомври оваа година го заврши преземањето на социјалната мрежа Твитер во вредност од 44 милијарди долари. Според Форбс, Маск сега вреди околу 178 милијарди долари, додека Бернард Арно е заслужен за нето богатство од 188 милијарди долари.
Преземањето на Твитер од страна на Маск беше завршено само по неколкумесечни правни расправии, кои некои го посочуваат како главна причина за падот на цената на акциите на „Тесла“.