Степенот на прекинот сè уште не е познат, но новинарите на агенцијата Франс прес во Соединетите Држави и Азија пријавиле тешкотии при пристапот до нивните сметки
Пристапот до социјалната мрежа Твитер беше оневозможен во текот на ноќта за некои корисници кои не можеле да се поврзат на нивниот профил. Веб-страницата Даундетектор објави дека околу 10.000 корисници пријавиле проблеми со Твитер, а најголем број пријави биле околу 01:35 часот по средноевропско време.
Степенот на прекинот сè уште не е познат, но новинарите на агенцијата Франс прес во Соединетите Држави и Азија пријавиле тешкотии при пристапот до нивните сметки.
Техничката грешка доаѓа во чувствителен момент за Твитер, кој е во превирања откако беше купен од Илон Маск за 44 милијарди долари кон крајот на октомври. Маск отпушти голем број вработени, вклучувајќи го и техничкиот персонал на платформата.
Запрашан од еден корисник дали Твитер е „нарушен“, Маск одговори: „Кај мене работи“.