Податоците ќе бидат зачувани и ќе може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина
Институтот за јавно здравје спроведува анкетен прашалник поврзан со коронавирусот. Целта е, како што се наведува од Институтот, да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на корона вирусот. Анкетниот прашалник го сподели на Фејсбук и министерот за здравство Венко Филипче, а одговорите од анкетата насловена „Увид во однесувањето за ковид-19“ ќе се користат исклучиво за научни цели, напиша Филипче. Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и ќе може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и е финансирана од Светската здравствена организација, потенцира Филипче.
Дел од прашањата се поврзани со степенот на познавање на заразата, кои се ризични категории, дали сте имале контакти со заразени и сл.
Прашалникот може да го најдете на следниот линк.