На почетокот на месецов СДСМ најави теренски активности под слоганот „Рамо до рамо до победа“. Лидерот на партијата Димитар Ковачевски кажа дека неговата партија ќе посети вкупно 946 населени места во земјава, не затоа што следната година има избори туку, како што рече, заради подобра иднина на татковината
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави теренски активности во наредниот период чија цел е средба со граѓаните, а ќе се одржуваат и трибини посветени на темите кои го засегаат македонското општество.
„Во наредниот период ќе има трибини на отворено и граѓански собири во 12 града низ државава и 19 тимови со вкупно 200 луѓе кои ќе посетат над 700 населени места низ државата. ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи од овој петок, започнува со акција ‘Ова е Македонија за сите’ која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни. Во рамки на акцијата ќе се одржат серија од 12 поголеми трибини посветени на темите кои го засегаат македонското општество“,
информираше денеска на брифинг со новинарите, лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Според него, на Македонија и на граѓаните им се потребни промени.
„Доста беше беда, понижувања, сиромаштија и иселување, нема повеќе време за губење. На Македонија и граѓаните им се потребни промени и потребна е иднина за која ќе се избориме заедно сите. Заедно со народот ќе ја издигнеме Македонија од оваа беда во која ја донесоа СДС и ДУИ и заеднички ќе ги поразиме. Ова е Македонија на заедништво и нов заеднички патриотизам на рамноправни. Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит. Нашата борба е вредности, идеал и кауза“,
истакна Мицкоски.
На почетокот на месецов СДСМ најави теренски активности под слоганот „Рамо до рамо до победа“.
Лидерот на партијата Димитар Ковачевски кажа дека неговата партија ќе посети вкупно 946 населени места во земјава, не затоа што следната година има избори, туку, како што рече, заради подобра иднина на татковината.