Претходно денеска, медиумите пренесоа дека тимот на МААЕ е запрен во обидот да стигне до електраната, откако рутата до локацијата на електраната била нападната и гранатирана. Одговорноста за воените дејствија кои се случиле украинските и руските снаги си ги префрлаат една на друга
Инспекторите на Меѓунароидната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигнаа во најголемата нуклеарна електрана во Европа, во Запорожје, каде треба да извршат безнедносни проверки на електраната која беше во центарот на неодамнешните борби помеѓу украинските и руските сили.
Претходно денеска, медиумите пренесоа дека тимот на МААЕ е запрен во обидот да стигне до електраната, откако рутата до локацијата на електраната била нападната и гранатирана. Одговорноста за воените дејствија кои се случиле украинските и руските снаги си ги префрлаат една на друга.
Сепак, според последните извештаи инспекторите на МААЕ успеале да стигнат до нуклеарната електрана.
„Свесни сме за мементалната ситуација. Дојде до воени активности“,
изјавил за новинарите шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси непосредно пред тргнувањето во Запорожје.
Градоначалникот на Енергодар, град во близина на електраната претходно соопшти дека градот бил изложен на континуиран напад денеска рано наутро, за кој ги обвини руските трупи.
Од другата страна, Москва го обвини Киев дека успеал да прошверцува 60 воени диверзанти кои успеале да стигнат во близина на нуклеарната електрана, но дека руските сили презеле мерки „за уништување на непријателот“.
„Знаеме дека постои сива зона каде завршува последната линија на украинската одбрана и почнува првата линија на руските окупациски сили каде има значајни ризици“,
навел Гроси пред неговиот тим од 14 члена да ја помине линијата на фронтот на територијата под руска контрола, пренесува балканскиот сервси на Радио Слободна Европа.
„Верувам дека мораме да продолжиме со ова. Имаме многу важна мисија која треба да ја извршиме“,
изјавил Гроси.
Тој, вчера рече дека МААЕ ќе настојува да воспостави „постојано присуство“ како би се избегнала нуклеарна катастрофа во електраната која се наоѓа на првата борбена линија.