Двегодишно дете од Скопје е најмалиот пациент со коронавирус во земјава. Ова го потврди попладнево министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека позитивни на новиот вирус се и родителите на детето.
Тие се заразиле преку локална трансмисија со веќе заразени лица Но, како што рече Филипче, сите тројца се во стабилна здравствена ситуација и се на домашно лекување.
Пред неколку дена, коронавирусот беше потврден кај четиригодишно девојче од Штип, за кое се проценува дека се инфицирало во градинка во Велика Британија.
Денеска до пладне во земјава се регистрирани нови 12 случаи на коронавирус, од кои пет во Куманово и седум во Скопје, каде што бројката на заболени е најголема – 88 од вкупно 148 случаи досега во земјава.