Во наредните денови, според синоптичарите, ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови, велат од УХМР, наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и проследена со ветер
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинските региони ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 23 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, како што информираа од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 21 Целзиусов степен, а максималната ќе достигне 38 степени.
Во наредните денови, според синоптичарите ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови, велат од УХМР, наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и проследена со ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме. Краткотрајно постабилно ќе биде и во петок.