Од Агенцијата велат дека се загрижени за состојбата со слободата на информирање, поради покренатото обвинение против новинарот
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изрази денеска загриженост за состојбата со слободата на информирање поради одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинение против, како што се наведува во соопштението, новинарот и главен уредник на порталот „Бизнис лидер“, Љупчо Златев, поради објавување интерни документи од Управата за безбедност за контраразузнавање (Агенција за национална безбедност н.з.).
„Информирањето за случај за можна злоупотреба на одредена институција, за кој се води судски процес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми. Ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на државните органи“,
се наведува во соопштението
Агенцијата, како што се посочува, апелира новинарите да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, да информираат објективно, непристрасно, а институциите да имаат предвид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува врз слободата на медиумите и врз напорите за заштита на јавниот интерес.