Во изминатите 24 часа во Хрватска регистрирани се 360 нови случаи на ковид-19, што четврти ден по ред е рекордна бројка на новозаболени лица.
Од последици од новиот коронавирус почина еден човек, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 170.
Во Хрватска во моментот има 2 052 активни случаи, од кои 143 се хоспитализирани, а 12 пациенти се на респиратор.
Од 25 февруари кога е регистриран првиот случај на ковид-19 во Хрватска до денеска регистирани се 7 900 инфицирани лица.