Во болничките капацитети низ земјава наменети за лекување на ппациенти позитивни на ковид-19 се лекуваат вкупно 353 лица. Од оваа бројка четири сè уште се водат како суспектни, станува збор за две мајки и две деца во болницата во Козле.
Како што информираше Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, деца деца позитивни, а две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.