Вчера околу 20.30 часот на крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“ Јота бил удрен од возило со скопски регистарски ознаки, што го управувало 16-годишно момче од Сингелиќ
Состојбата на 58-годишниот Ѓорѓи Јота, абдоменален хирург, во моментов е стабилна, но тој и натаму е на одделот за интензивна нега, на респиратор во Ургентниот центар откако вчера беше удрен од автомобил пред Клиничкиот центар.
Ова вечерва на фејсбук-профилот го објави министерот за здравство Венко Филипле, кој попладнево бил на клиниката и се информирал за состојбата на неговот колега.
Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов. Попладнево бев на увид и…
Posted by Венко Филипче on Friday, February 26, 2021
„Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна“,
напиша Филипче.
Претходно денеска Филипче рече дека Јота има тешка повреда на главата – нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина.
Вчера околу 20.30 часот на крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“ Јота бил удрен од возило со скопски регистарски ознаки, што го управувало 16-годишно момче од Сингелиќ, по што со тешки повреди е пренесен во Ургентен центар.