Според медиумите, во нападите на болницата загинало најмалку едно лице. Ројтерс цитираше палестински официјални лица дека едно лице е убиено. Владата на Хамас во Газа тврди дека 13 од нив биле убиени
Хамас соопшти дека Израел утрово извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници. Нападите, наводно, ја вклучуваат и најголемата болница во Газа, Ал Шифа, каде што Израел тврди дека Хамас има скриени командни центри и тунели. Хамас ги негира овие обвинувања.
Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) исто така изјави дека болницата Ал Шифа била бомбардирана.
„Немам детали за Ал Шифа, но знаеме дека е бомбардирана“,
рече Маргарет Харис.
Според медиумите, во нападите на болницата загинало најмалку едно лице. Ројтерс цитираше палестински официјални лица дека едно лице е убиено. Владата на Хамас во Газа тврди дека 13 од нив биле убиени.
СЗО претходно алармираше за зголемено ширење на заразни болести во Газа поради големата концентрација на луѓе на мал простор, контаминираната вода и слабиот пристап до хигиенските установи во екот на војната меѓу Израел и Хамас, пренесе „Гардијан“.
Во соопштението на СЗО се наведува дека од средината на октомври годинава повеќе од половината од пријавените 33 551 случај на дијареја се меѓу деца на возраст под пет години.
Оштетените системи за вода и канализација, како и намалените средства за чистење во здравствените установи, го прават речиси невозможно одржувањето на основните мерки за превенција и контрола на инфекции.
Ваквите услови, се наведува, значително го зголемуваат ризикот од инфекции кои се должат на траума, операција, нега на рани и породување, на кои се изложени и здравствените работници.