Јахја Синвар порано беше лидер на Хамас во Газа и се верува дека е мозокот на нападот и масакрот на 7 октомври 2023 година во јужен Израел во кој загинаа повеќе од 1 200 луѓе и зедоа 251 заложник, по што Израел започна воена мисија во Појасот Газа
Хамас официјално објави дека Јахја Синвар е нивниот нов лидер откако Исмаил Ханије, претходната водечка политичка фигура на Хамас, беше убиен во Техеран минатата недела, пренесе Дневник.хр.
Синвар порано беше лидер на Хамас во Газа и се верува дека е мозокот на нападот и масакрот на 7 октомври 2023 година во јужен Израел во кој загинаа повеќе од 1 200 луѓе и зедоа 251 заложник, по што Израел започна воена мисија во Појасот Газа.
Оттогаш тој се крие во Газа, а во февруари израелската војска објави видео на кое се гледа Синвар со членовите на семејството во еден од тунелите на Хамас.
„Потрагата по него нема да престане додека не го фатиме, мртов или жив“,
изјави тогаш портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари.
Синвар беше избран за шеф на Хамас од советот Шура – советодавно тело во кое глас имаат 50 члена од Газа, Западниот Брег, дијаспората, како и некои од затворениците во израелските затвори.
„Синвар е најмоќната фигура во Хамас, а сега и официјално“,
заклучува аналитичарот Охад Хемо за Канал 12, пишува „Тајмс оф Израел“.