Израел нареди евакуација на северниот дел на Газа, вклучувајќи го и градот Газа, дом на стотици илјади луѓе. Палестинците ќе можат да побегнат само на југот во Газа откако Израел целосно ја затвори областа. Обединетите нации изразија загриженост во врска со барањето на Израел и апелираа на укинување на наредбата за евакуација. Идентично барање денеска стигна и од Светската здравствена организација (СЗО) од каде што посочуваат дека евакуацијата значи „смртна казна“ за ранливите пациенти
Хамас ги повика Палестинците во Појасот Газа да останат во своите домови и да ги игнорираат наредбите на Израел за сеопфатна евакуација на цивилното население во Газа, јавуваат светските агенции.
Обединетите нации (ОН) претходно соопштија дека добиле известување од израелската војска дека сите жители што живеат северно од Вади Газа треба да се евакуираат во јужниот дел на Газа во следните 24 часа.
Управата за бегалци на Хамас денеска ги повика жителите на северот на регионот да останат во своите домови и да „застанат цврсто пред оваа психолошка војна“ од страна на Израел.
Израел нареди евакуација на северниот дел на Газа, вклучувајќи го и градот Газа, дом на стотици илјади луѓе. Палестинците ќе можат да побегнат само на југ во Газа, откако Израел целосно ја затвори областа.
Од Обединетите нации соопштија дека наредбите на израелската војска значат евакуација на речиси 1,1 милион луѓе, односно половина од населението на целиот Појас Газа додавајќи дека 400 000 Палестинци веќе се раселени.
Меѓународната организација изрази загриженост во врска со барањето на Израел и апелираше на укинување на наредбата за евакуација.
„Обединетите нации сметаат дека такво преместување луѓе е невозможно да се случи без катастрофални хуманитарни последици“,
соопштија од ОН.
Израел, како што пишува Би-би-си, се подготвува за копнена офанзива трупајќи војници, тешка артилерија и тенкови на границата со Појасот Газа. Од саботата израелската војска започна со воздушни напади врз Газа по ненадејниот напад на милитантите на Хамас врз Израел.
И СЗО бара од Израел да ги повлече наредбите за евакуација во Газа
Барање до Израел за повлекување на наредбата за евакуација стигна и од Светската здравствена организација (СЗО), од каде посочуваат дека тоа е „смртна казна“ за ранливите пациенти. СЗО бара од Израел да ја поништи наредбата за евакуација, вели дека тоа е „смртна казна“ за ранливите пациенти, пренесува „Гардијан“.
СЗО денеска соопшти дека била информирана од локалните здравствени власти во Газа дека е невозможно да се евакуираат ранливите пациенти од болниците во северниот дел на Газа.
„Има тешко болни луѓе чии повреди значат дека единствените шанси за преживување им е да бидат на апарати за одржување во живот, како што се механички вентилатори. Преместувањето на тие луѓе е смртна казна. Барањето здравствените работници да го сторат тоа е повеќе од сурово“,
изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, пренесува Ројтерс.
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека болниците во Газа се во многу фрагилна ситуација и апелираше директно до Израел да се предомисли во однос на наредбите за евакуација.
„Болниците во Газа се на критична точка. Без итно влегување на помош, основните здравствени услуги ќе запрат. Ја посетив Газа во 2018 година. Пристапот до нега веќе беше тежок. Од прва рака знам дека масовна евакуација на југот на енклавата би била катастрофална – за пациентите, здравствените работници и другите цивили оставени или затекнати во опасно, а можеби дури и смртоносно движење. Апелираме за укинување на одлуката“,
напиша Гебрејесус на социјалните мрежи.
Hospitals in Gaza are at a breaking point.
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) October 13, 2023
Without immediate entry of aid, essential health care services will come to a halt.
I visited Gaza in 2018. Access to care was already difficult. I know firsthand that a mass evacuation to the enclave’s south would be disastrous – for… https://t.co/wZ9gCrN05k