Американското Федерално истражно биро (ФБИ) води истрага за хакирање Твитер профили на неколку познати личности, тврдат извори од истрагата за американските медиуми.
Се работи за профилите на милијардерите Бил Гејтс, Илон Маск и Џеф Безос, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, како и на компаниите Епл и Убер на оваа социјална мрежа.
“Свесни сме за денешниот безбедносен инцидент, кој се однесува на неколку Твитер профили кои им припаѓаат на познати личности. Нападите најверојатно се со цел измама со криптовалути“, велат изворите.
Инцидентот предизвика пад на акциите на Твитер.