Ако се погледнат камерите на веб-страната на Јавното претпријатие за државни патишта може да се види каква е состојбата на граничните премини за излез од земјата, како за колку време возилата ги поминуваат границите од македонска страна. Според камерите, најголема е гужвата за излез од земјава на граничниот премин „Богородица“, каде се чека и по еден час. На камерата поставена на овој граничен премин, се гледа како возилата споро се придвижуваат
Околу еден час утрово се чека за излез од државата на граничните премини кон јужниот сосед Грција.
Ова се последните информации од АМСМ, од каде велат дека гужва нема само на граничните премини кон Грција, како „Богородица“, „Меџитлија“ и „Дојран“, туку и на граничниот премин „Табановце“ кон Србија.

Ако се погледнат камерите на веб-страната на Јавното претпријатие за државни патишта може да се види каква е состојбата на граничните премини за излез од земјата, како за колку време возилата ги поминуваат границите од македонска страна.
Според камерите, најголема е гужвата за излез од земјава на граничниот премин „Богородица“, каде се чека и по еден час. На камерата поставена на овој граничен премин, се гледа како возилата споро се придвижуваат.
На останатите гранични премини, како што велат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Па, така на „Меџитлија“, „Дојран“ и Табановце“ границата може да се помине и за половина час.
Сепак, од АМСМ велат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,
информира АМСМ.
Зголемената фрекфенција на возила на граничнитее премини е слика која веќе традиционално се случува секоја година во летниот период, особено за време на викендите, но и како што е случај денеска, кога е неработен ден.