Додека голем дел од светот чекори кон рецесија, земјата со 3,7 милиони жители која излегува на Црно Море се очекува да забележи раст на економијата од 10 проценти во 2022 година поради огромниот пораст на потрошувачката
Додека војната во Украина ја гуши Европа, мала нација „заглавена“ под Русија ужива во неочекуван економски бум.
Според пишувањата на повеќе странски медиуми, Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100 000 Руси кои побегнаа таму по инвазијата на Москва на Украина и стравот од мобилизација.
Додека голем дел од светот чекори кон рецесија, земјата со 3,7 милиони жители која излегува на Црно Море се очекува да забележи раст на економијата од 10 проценти во 2022 година поради огромниот пораст на потрошувачката.
Со ова, скромната економија од 19 милијарди долари, позната во регионот по своите планини, шуми и вински долини, ќе ги надмине пазарите во развој како Виетнам и извозниците на нафта како Кувајт, пишува Скај њуз.
фото: ЕПА