Владината Група за процена денеска едногласно одлучи да предложи Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба на територијата на земјава за заштита на јавното здравје во услови на пандемија и за спречување од негово ширење во зголемен обем, со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, соопшти ЦУК.
Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на ковид, кој е донесен на втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што сѐ уште трае.