Кога Албанците, Македонците и другите се здружени, им пркосат на препреките и ги отвораат перспективите за идните генерации да живеат во мир, слобода, демократија и во пријателство со другите народи, вели првиот вицепремиер Артан Груби по повод 2 Август – Денот на Републиката.

„Токму Илинден го одбележуваме како еден од тие моменти на соединување во историјата за подобра заедничка иднина за сите нас. Од Крушево, па се до Охрид, напорите за слобода и еднаквост се соочуваа со безброј предизвици низ децении, системи и власти. Но, идејата на којa и е дојдено времето и волјата на граѓаните за да живеат слободни и еднакви не може да ја спречи ниедна власт“,
вели Груби.
Џафери на Илинден: Донесената Резолуција е потврда дека имаме заемна почит и водиме заедничка битка