Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот Фејсбук-профил објави дека досега се попишале 99 500 лица од дијаспората. Од нив 11 500 лица се самопопишале во изминатите 24 часа.
„Нашата дијаспора е најдобра на свет“,
напиша Груби.