Како што забележа камерата на „360 степени“ поддржувачи на ДУИ се движат од Бит-пазар кон плоштадот „Скендербег“ извикувајќи го името на Артан Груби
Ова е спектакуларна победа за коалицијата „Европски фронт“ предводен од ДУИ. Славиме дека ќе победиме со над 20 пратеници на 8 мај, на претседателските и парламентарните избори.
Ова вечерва го изјави министерот за политички систем од ДУИ, Артан Груби од плоштадот „Скендербег“ во Скопје, каде што приврзаниците на оваа партија слават по објавата на првичните резултати од првиот круг на претседателските избори, според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место.

„Славиме победа на ‘Европскиот фронт‘. Славиме дека ќе победиме со над 20 пратеници на 8 мај. Ќе славиме ослободување на Чаир, на Тетово, на Гостивар, на Желино и на сите други окупирани општини со помош на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Додик, Путин и Вучиќ. Денеска е ден на ослободување, како што ќе биде и 8 мај, ден пред Денот на Европа“,
рече Груби.
На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а изборниот штаб на „Влен“, како што пренесува МИА, е преместен во трговскиот центар „Мавровка“.
Како што забележа камерата на „360 степени“ поддржувачи на ДУИ се движат од Бит-пазар кон плоштадот „Скендербег“ извикувајќи го името на Артан Груби.