Десетина куќи изгореа, а бројни згради претрпеа голема штета. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од Варибоби и уште две околни села
Грчките власти денеска ги советуваа жителите на Атина да не ги отворат прозорците и да не ги напуштаат своите домови, поради чадот што доаѓа од неконтролираниот шумски пожар северно од градот.
Повеќе од 500 пожарникари и припадници на армијата и полицијата, со помош на девет хеликоптери и пет авиони, се борат со пламените јазици на падините на планината Парнита.
Пожарот избувна во вторникот во предградието Варибоби, дваесетина километри северно од центарот на Атина, и се прошири, палејќи куќи и автомобили.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакси утрово го посети местото, каде најголема штета има од шумските пожари.
Десетина куќи изгореа, а бројни згради претрпеа голема штета. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од Варибоби и уште две околни села.
„Фала му на Бога што немаме загубени животи“,
изјави премиерот Киријакос Мицотакис.
Од пожарот се оштетени далноводите, поради што делови од Атина се без електрична енергија, пренесува Ројтерс.