Четиринаесет полицајци завршија во карантин по инцидент во близина на Атина, откако маж кој тврди дека е заразен со коронавирус, им плукнал во лице, објави Катимерини.
Дваесет и шестгодишниот маж бил затекнат како демолира автомобили, по што полицајците тргнале да го приведат. Тој им рекол дека неодамна се вратил од Лондон и дека со тестови е потврдено оти е позитивен на коронавирусот.
При обидот да го приведат тој давал отпор и ги плукал полицајците.
Меѓу обвиненијата подигнати против него е и тоа за непочитување на обврската за самоизолација во период од 14 дена.