Од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, поставени на граничните премини, може да се забележи дека има километарски колони возила кои чекаат за излез од државата кон Србија и кон Грција

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ утрово, за влез и излез од државава, се чека по половина час, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од камерите, пак, на Јавното претпријатие за државни патишта, поставени на граничните премини, може да се забележи дека има километарски колони возила кои чекаат за излез од државата кон Србија и Грција. Од снимките се гледа дека се пополнети сите сообраќајни ленти на граничните премини.
Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оттаму додваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен и препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.