Најголем дел од гостите се домашни, пред се оние што имаат свои станови и викенд-куќи, но има и странски туристи кои доаѓаат главно во сопствена режија
Охрид и туристичките населби на Охридското Езеро за продолжениот викенд имаат посетеност која им влева оптимизам на хотелиерите и угостителите во градот. Убавото време и подобрената епидемиолошка состојба се причина за големиот број гости – низ Чаршијата, на Кејот на езерото, терасите на кафулињата и рестораните.
Најголем дел од гостите се домашни, пред се оние што имаат свои станови и викенд-куќи, но има и странски туристи кои доаѓаат главно со сопствена режија.

Хотелските капацитети со исполнетост до 30 проценти и тоа со гости пристигнати во индивидуална режија, додека засега летни аранжмани закупени однапред се уште нема, главно поради тоа што ситуацијата со коронавирусот не може да се предвиди.
Хотелите најавија и поволни цени за сместување, особено оние со три и четири звездички, како и посебни попусти како на пример за туристите од соседна Србија.
Тие очекуваат некаде на втората половина од јуни да допатуваат и првите организирани групи туристи, најмногу од Полска, Турција, но и од Русија, Романија и Украина како нови туристички пазари.

Кога станува збор за угостителите, тие со најави дека ќе ги задржат цените од пред почетокот на пандемијата.