Продолжуваат да се редат прекршочни пријави за неносење заштитни маски.
Министерството за внатрешни работи во последното деноноќие регистрира 333 прекршоци за прекршување на мерката за носење опрема за лична заштита.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Бројот на заболени од ковид-19, пак, во земјава достигна 10 617 лица, од кои во моментов активни се 4 117 случаи, а бројот на починати е 480 лица.