Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, информира дека е позитивен на ковид-19.
„По извршениот тест вчера дали постои можност да сум зарaзен со COVID-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Од оваа положба уште еднаш апелирам и молам за внимание, заштитни мерки и почитување на препораките. Заедно ќе го надминеме и ова!“,
напиша Ганиу на својот профил на Фејсбук.
Претходно тој информираше дека оди во самоизолација бидејќи имал контакт со заболено лице.