Вакво нешто е можно, поточно бројот на вакцинирани теоретски може да биде и поголем од 100 проценти доколку во него се вакцинираат и лица кои не се жители на градот
Градот Палацо Адријано има стапка на вакцинација која и пркоси на математиката – 104 проценти.
Вакво нешто е можно, поточно бројот на вакцинирани теоретски може да биде и поголем од 100 проценти доколку во него се вакцинираат и лица кои не се жители на градот.
Така е и со овој град, каде најголем дел од населението веќе е вакцинирано со третата доза од вакцината против коронавирус.
„Се чини како невозможна статистика, но во Палацо Адријано живеат луѓе кои официјално не се жители на градот, а кај нас доаѓаа и луѓе од околните села да се вакцинираат“,
изјави градоначалникот Николо Грана за „Гардијан“.
Sicilia, Palazzo Adriano e Roccafiorita da record: comuni Pro Vax con il 100% di vaccinati. E il Covid non c’è da tre mesi https://t.co/gMmCoxmmkX via @LaStampa
— Ivo De Propris (@IvoDePropris) November 20, 2021
Салваторе Спата, советник за култура во градот, вели дека состојбата била најтешка во март минатата година, кога свештеник од друг град заразил добар дел од жителите на овој град.
„За среќа, кампањата за вакцинација е веќе започната. На почетокот таа одеше по препорака, секој ден на овој плоштад поминува барем по еден претставник од секое семејство. Тие блиски контакти на роднини и пријатели ги искористивме за промовирање на вакцинацијата. Требаше само да ги информираме сите што ќе ги видиме и да ги потсетиме да се вакцинираат, а следниот ден нивните роднини да се појават на ред за вакцинација“,
рече тој.
Властите имаат Ватс Ап група преку која граѓаните се информираат за вакцинацијата и каде ги демантираа лажните вести и ги уверуваат жителите дека вакцините се безбедни, пишува „Гардијан“.
Бројни села во Италија имаат стапка на вакцинација од речиси 100 проценти. Во местото Бринци во Ломбардија се вакцинирани речиси 97 од 789 жители, а во Премана сите 2 000 жители.