Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи седмата вонредна седница која ќе биде првата седница што градските власти ја држат преку интернет-конференциска врска.
Можноста за ваков начин на одржување на седниците е предвидена со Уредба која ја донесе Владата во текот на вонредната состојба.
На седницата, според најавата, ќе има четири точки: програма за уредување на градежното земјиште во Скопје за 2020; програма за финансирање на јавните установи и активности од областа на културата и две предлог-одлуки за носење на регулациски план на генерален урбанистички план.
Поради ситуацијата со коронавирусот, на почетокот на месецот Град Скопје одржа и седница на отворено.