Колинда Грабар-Китаровиќ ја напушта претседателската фотелја, но достоинствено го призна поразот и му честиташе на новиот хрватски претседател, Зоран Милановиќ. По објавувањето на резултатите таа се обрати пред своите приврзаници и симпатизери, им се заблагодари на сите кои излегле денес да гласаат, но му се заблагодари и на своето семејство за поддршката која и ја давале во текот на минатите 5 години додека ја извршувала функцијата, но и во текот на оваа претседалска кампања.
Да останеме единствени и сложни за нашата Хрватска. Пораката која мора да ја извлечеме од овие избори е дека очигледно е дека треба да бидеме повеќе меѓу граѓаните. Зоран Милановиќ ќе биде претседател и на тоа му честитам и му посакувам секое добро. Му пружам рака на Зоран Милановиќ и да покажеме дека овој трансфер на власта може да биде цивилизиран. На Хрватска и треба стабилност. Се надевам дека сите ќе се обединиме околу едни исти цели со цел развој на Хрватска. Му посакувам успех на Зоран Милановиќ бидејќи тоа е за доброто на сите граѓани, добро е за иднината на Хрватска.
порача Грабар-Китаровиќ.
Свое обраќање пред симпатизерите имаше и новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ. Тој како и неговата противкандидатка не им дозволија на своите приврзаници да ги исвиркуваат своите политички противници, со изговор дека таа пракса треба да престане.
Тоа на кое ќе инсистира и она за кое што ќе се залагам е никој без потреба или намерно да не го повредам, да бидам уво за секого, а помалку рамо за плачење. Да водиме дијалог, бидејќи ние сме различни. Таков каков што бев во кампањата, ќе бидам и како претседател. Се надевам и верувам дека нема да ја изневерам вашата доверба. За мене сите партии ќе бидат исти, бидејќи ние сме повеќепартиска демократија. Претседателот мора да биде пранител на демократијата.
порача Милановиќ
Милановиќ ја победи Грабар-Китаровиќ на претседателските избори со повеќе од 100 илјади гласови разлика. Грабар-Китаровиќ беше претседател еден мандат, а на позицијата дојде во 2015-та година.