Драган Гоцевски, универзитетски професор по јавна администрација, во дебата на „360 Степени“ го коментираше најавениот закон за висока раководна служба, со кој, според владата, ќе се постават јасни стандарди и критериуми, како и целосна транспарентност при изборот и при разрешувањето на раководителите на институциите.
– Би сугерирал кога веќе се отвора прашањето и се двои службеничкиот систем на висока државна служба, да се воспостави поригиден концепт на кариера за другите вработени. Притоа би ја редизнајнирал службата на следниот начин – да не биде тоа длабока хиерархија, затоа што се одвоени раководните служби од извршителите, да биде плитка којашто ќе се базира на координација на процеси. И да, хиерархијата се состои од раководители на одделенија, на сектори, секретар и толку. Државни советници не мора да постојат бидејќи тие и не раководат со никого освен ако не ги овластите, а другите звања се сите одговорни пред својот непосредно раководен, а тоа може да биде само раководителот на одделение, којшто ќе биде во својство на распределувач на налози и ќе следи кој ги извршува или не. А во рамките на поединечните звања би го вратил системот на интерна карирера или би вовел систем на класи, за ако некој не може да биде унапреден во друго звање, и како референт и како советник, после одреден број на години, да има класи од 1 до 5 и во петтата класа да има можеби повисока плата отколку штотуку избран раководител на одделение. За да имаат луѓето чувство дека имаат кариерен развој – рече Гоцевски.
Напишете коментар