Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вчеравечер за време на полицискиот час, по 21 часот, се возел по улиците на Гостивар.
„Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на ковид-19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и го сторил кривичното дело – непостапување според здравствени прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар му предложи на судот на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби“,
соопшти Обвинителството.
Со воведувањето на полицискиот час, од 22 март е забрането движење на целото население во периодот од 21 до 5 часот секој ден. Прекршувањето на полицискиот час се гони со кривична одговорност за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.