И со вчерашната одлука на РКЕ мазутот поевтини за 1,447 денари по килограм, а другите горива останаа со непроменети цени
Вечерва на полноќ се очекува поевтинување на мазутот М-1 НС за еден денар по килограм, додека кај малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) нема да има промени, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
На денешната седница на РКЕ беше донесена одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 0,36 проценти во однос на вчерашната одлука.
Новата цена на мазутот ќе изнесува 54,291 денари по килограм, а еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 110 денари по литар, еуросупер БС-98 по 112 денари и литар еуродизел БС (Д-Е V) по 110 денари, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 107 денари.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,186 проценти.
Со претходната одлука на РКЕ, вчера на полноќ мазутот исто така поевтини за 1,447 денари по килограм, а другите горива останаа со непроменети цени.