„Колегата Перо Костадинов, кој е мој потпретседател во ЗЕЛС, а доаѓа од редовите на СДСМ, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов, да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со Општина Струмица“, порача претседателот на ЗЕЛС
По средбата со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, која ја оствари денеска, претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Јакимовски останува во ЗЕЛС.

„Се надевам на скорашна средба и со Костадинов, како најгласен против Заедницата. Колегата Перо Костадинов, кој е мој потпретседател во ЗЕЛС, а доаѓа од редовите на СДСМ, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со Општина Струмица“,
пишува Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Порача дека ЗЕЛС е обединета и оти во наредниот период ќе продолжи со интензивна комуникација со Општина Струмица, како и дека ќе посредува помеѓу Карпош, Струмица и централната власт.
„Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и длабоки да се истите. Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу гореспоменатите градоначалници и претставниците на централната власт. Застануваме зад секој наш колега, без разлика од која политичка партија доаѓаат,
вели Ѓорѓиевски и додава дека како Заедница заедно ќе ги надминат сите проблеми.