По освоениот бронзен медал во Пекинг во 2008 година, ова олимписко злато е единственото достигнување кое му недостигаше во неговата кариера, во која зад себе има 24 титули на Грен слем турнири
Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри во Париз. Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е прв златен медал во кариерата на 37-годишниот српски тенисер. Со овој триумф тој го оствари т.н. Голден слем во кариерата, односно ги освои сите четири Грен слем и олимпиското злато. Досега во историјата на тенисот во тоа успеале само Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.
Двајцата во моментот најдобри тенисери на планетата одиграа фантастичен и изедначен меч во кој за финалниот исход одлучија нијанси, а натпреварот беше решен во тајм-брејкови.
Ѓоковиќ освои бронзен медал во Пекинг во 2008 година, а ова олимписко злато е единственото достигнување кое му недостигаше во кариерата, во која зад себе има 24 титули на Грен слем турнири.