Можноста за настап на Ѓоковиќ кому поради вакциналниот статус му забранија учество овој месец на Австралија опен, се отвора откако Франција донесе законски измени поврзани со вакцинираните и секој кој прележал Ковид-19 во последните шест месеци има право слободно да се движи во земјата
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинешниот Ролан Гарос иако не е вакциниран против коронавирусот, јавуваат италијанските и француските медиуми.
Можноста за настап на Ѓоковиќ кому поради вакциналниот статус му забранија учество овој месец на Австралија опен, се отвора откако Франција донесе законски измени поврзани со вакцинираните и секој кој прележал Ковид-19 во последните шест месеци има право слободно да се движи во земјата.
Српскиот тенисер поседува медицински доказ дека бил позитивен на коронавирус на 16 декември, а негативен тест добил на 22 декември 2021.
На 17 јануари беше соопштено дека професионалните спортисти, Французи и странци, ќе мора да се вакцинираат против коронавирус за да учествуваат во спортските настани, а тука спаѓа и вториот Грен слем турнир во сезоната, „Ролан Гарос“, кој ќе започне во Париз на 22 мај.
Грен слем турнирот во Париз започнува на 22 мај и доколку дотогаш законските одредби поврзани со коронавирусот останат на сила во Франција, најдобриот светски тенисер ќе биде во можност да ја брани титулата која ја освои со ланскиот триумф во финалето над Рафаел Надал.