Гутереш предупреди дека глобалното затоплување „ги уништува буџетите, ги зголемува цените на храната, ги нарушува енергетските пазари и ја потхранува кризата со трошоците за живот“
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на климатската конференција КОП28 ги повика глобалните лидери да ја излечат „болеста“ што климатските промени ја предизвикаа на планетата.
„Поларниот мраз и глечерите исчезнуваат пред нашите очи, предизвикувајќи хаос низ целиот свет: од лизгање на земјиштето и поплави, до пораст на морињата. Но, ова е само еден симптом на болеста што ја турка нашата клима на колена – болест што само вие, глобалните лидери, можете да ја излечите“,
им рече Гутереш на делегатите на годишниот климатски самит на ОН.
Гутереш предупреди дека глобалното затоплување „ги уништува буџетите, ги зголемува цените на храната, ги нарушува енергетските пазари и ја потхранува кризата со трошоците за живот“.
На самитот учествуваат претседатели, премиери, експерти, активисти и лобисти за фосилни горива.
Гутереш се огласи и на социјалната мрежа Икс, каде вели дека има порака до лидерите на компаниите за фосилни горива.
„Не го удвојувајте застарениот деловен модел. Водете ја транзицијата кон обновливи извори. Не правете грешка – патот до климатската одржливост е исто така единствениот остварлив пат кон економската одржливост на вашите компании“,
напиша Гутереш.
I have a message for fossil fuel company leaders:
— António Guterres (@antonioguterres) December 1, 2023
Do not double-down on an obsolete business model.
Lead the transition to renewables.
Make no mistake – the road to climate sustainability is also the only viable pathway to economic sustainability of your companies.#COP28 pic.twitter.com/4xkQpEtJb2
Според Гутереш, обновливата енергија е подарок што продолжува да дава добро за нашата планета, нашето здравје и нашите економии.
„Чистење на нашиот воздух. задоволување на зголемената побарувачка за енергија во светот. поврзување на милиони луѓе со прифатлива електрична енергија. И донесување стабилност и безбедност на пазарите“,
вели Гутереш во објавата на Икс.
Renewable energy is a gift that keeps on giving:
— António Guterres (@antonioguterres) December 1, 2023
It's good for our planet, our health & our economies.
Cleaning our air.
Meeting the world’s growing energy demand.
Connecting millions of people to affordable electricity.
And bringing stability & security to markets.#COP28
Според ОН, овогодишните разговори на климатскиот самит КОП28 организирани од Обединетите Арапски Емирати се најголеми досега со околу 97 илјади регистрирани учесници.
Ова ја прави конференцијата во Дубаи речиси двојно поголема од минатата година во Египет, која беше домаќин на околу 50 илјади учесници.