Од СЕП посочуваат дека тој е четвртиот европски функционер кој во последните три дена доаѓа за да даде поддршка за францускиот предлог и да ги потврди македонските позиции
Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија ќе бидат во фокусот на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот германски претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
„По посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, ќе биде четврти европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции“,
наведуваа од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
Сарацин ќе одржи и заедничка прес-конференција со Маричиќ, а предвидена е негова средба и со шефот на дипломатијата Бујар Османи.