Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб-страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ
Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Ова е неговата прва посета на земјава, а според најавите, тој во Скопје на 29 и 30 ноември (утре и задутре) ќе има политички разговори со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Штајнмајер, според најавите, ќе има и свое обраќање и во парламентот, а предвидено е да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.
Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб-страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.
По дводневната посета на земјава, Штајнмаер потоа заминува во посета на соседна Албанија.