Двете работи се можни: да се протестира мирно, што е основно право, но и да се задржи социјалната дистанца, порачаа од кабинетот на Меркел
Германската Влада денеска ги повика демонстрантите кои го кренаа гласот во знак на протест против расизмот и полициската бруталност да се придржуваат кон правилата за физичка дистанцирање, откако за време на викендот во Берлин се собраа 15.000 лица и 25.000 во Минхен.
Владиниот портпарол Штефан Зајберт изјави дека е добро е што германските граѓани излегуваат на улиците со јасен став против расизмот, но додаде дека во некои случаи сликите од протестите не беа добри и дека демонстрантите се ставаат во опасност и самите себеси и другите.
„Двете работи се можни: да се протестира мирно, што е основно право, но и да се задржи социјалната дистанца“,
рече Зајберт, како што пренесува „Гардијан“.
Весникот наведува дека на фотографиите и снимките од протестите можело да се види дека демонстрантите се збиени едни до други, иако во Германија е препорачливо држење растојание од најмалку 1,5 метар.