„Договорот од Преспа беше под покровителство на Обединетите нации, присуствуваше претставник на Организацијата на ОН, што му дава поголема меѓународна сила. Постои и процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура или прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување“, вели шефот на грчката дипломатија
Договорот од Преспа е меѓународен договор ратификуван од двата парламенти, што значи дека не може да биде еднострано изменет. Дури за тоа да постои волја од Северна Македонија или од Грција еднострано да се измени договорот, сепак тоа не може да се направи.
Ова го изјавил грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис во интервју за грчата телевизија Скај, посочувајќи дека договорот ќе го почитуваат, но мора да бидат сигурни и дека другата страна доследно ќе го почитува.
„Договорот од Преспа беше под покровителство на Обединетите нации, присуствуваше претставник на Организацијата на ОН, што му дава поголема меѓународна сила. Постои и процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура или прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување“,
вели шефот на грчката дипломатија.
Според него, доколку едната од страните го прекрши догвоорт, предвидено е покренување процес со испраќање на допис до страната што го прекршила договорот, како што посочува, можна е, но не е неопходна употреба на добрите услуги на генералниот секретар на ОН и на крај, додаде, одлука на Меѓународниот суд.
„Тоа значи дека не станува збор за процес на еднострано поништување“,
рече Герапетритис.
Навреме укажале на проблемите од овој договор, како што посочи тој, дека тоа се политички, геополитички и технички проблеми.
„Од почетокот рековме дека овој договор е штетен. Договорот ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување. Зошто? Не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што постои неможност тој да биде изменет еднострано. Она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува“,
вели шефот на грчката дипломатија.
Според него, во односите со С Македонија се подготвени на сите сценарија, имајќи го предвид, како што додаде, и односот на новата претседателка на нејзината инаугурација.
Штом С Македонија ќе добие нова влада, Герапетритис вели дека се подготвени да преземат чекори и да имаат евентуални средби со претставниците од македонската страна.