Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во своето гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, зборуваше за актуелната ситуација со Бугарија, истакнувајќи дека постои „нов ветар“ во преговорите, по стапувањето на функција на двајцата нови премиери.
„Двајцата нови премиери го внесоа тоа, не дека тој дух не постоеше кај Заев. Очигледно за жал, кај Бугарите немаше разбирање додека тој беше премиер. Не можеме, а да не го препознаеме новиот ветар“,
истакна Георгиевски
Експремиерот порача дека тој веќе укажал дека „Македонија треба да направи ревизија на историјата“, а истакна и дека „секогаш има душегрижници кои гледаат проблем и кога се работи за нешто да се разреши“.
„Кај нас, постојано имам чувство дека што и да се направи од бугарска страна, таквите друшегрижници, особено ботовите на интернет реагираат по автоматизам. Новиот бран би го протолкувал како нова стратегија на Бугарија која долги го децении велеше дека Македонците се Бугари од почеток до денес, а потоа се разви нова теза, дека денес Македонците може да се кажуваат како сакаат, но претците не може да ги дадат. Не сметам дека политиката на државно ниво треба да решава историски проблеми. Како политичар од ВМРО-ДПМНЕ, за 30 години на првото основачко собрание на партијата реков дека Македонија треба да ја смени политиката кон Бугарија, треба да направи ревизија на сопствената историја и тоа треба да го направиме заради нас самите“,
рече Георгиевски.