Таа нагласи дека Владата ја гласа парламентарно мнозинство, кое, како што вели дефакто го има, а истакна дека и неретко се случувало некој да ја напушти владината коалиција, а друг да влезе
Пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Георгиевска, во текот на собраниската расправа за избор на нова Влада, во својата реплика на опозицијата во врска со легитимитетот на предложените министри и мандатарот Димитар Ковачевски, изјави дека во светските демокраатии неретко е власта на Владата да ја има една политичка опција, а опозицијата да ги добила локалните избори и никој не слушнал дека некој го оспорува легитимитетот.
„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред некое време најави дека ќе се обиде да формира ефикасна политичка Влада, која ќе биде способна да ги решава предизвиците и тоа ќе го направи доколку биде сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет и Влада со силни институции. Одговорете ми од каде ќе го извлече легитимитетот, а не беше на листите за парламентарни избори“,
истакна пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.
Таа нагласи дека Владата ја гласа парламентарно мнозинство, кое, како што вели дефакто го има, а истакна дека и неретко се случувало некој да ја напушти владината коалиција, а друг да влезе.
„Мандатот на пратениците е 4 години, не ни се гласа мандатот до локални избори и не знам зошто на исто рамниште ги ставате парламентарните и локалните избори, кога локалната власт е четврта власт по редослед“,
рече Георгиевска.