Во меѓувреме, гувернерот на областа Миколајив, Виталиј Ким, изјави дека во синоќешниот руски напад загинале двајца тинејџери
Генералштабот на украинската армија соопшти дека воздухопловните сили вчера извршиле 11 напади врз места каде што се концентрирани руски војници и опрема и три напади врз позиции на руски противвоздушни ракетни системи.
Генералштабот наведува и дека е соборен рускиот борбен авион „су-25“.
Во меѓувреме, гувернерот на областа Миколајив, Виталиј Ким, изјави дека во синоќешниот руски напад загинале двајца тинејџери. Руската армија употребила ракети земја-воздух С-300, при што се оштетени и училиште, приватна фирма и станбен објект.
Гувернерот на Запорожје, Јуриј Малашко, пак, изјави дека Русија синоќа почна масовен напад во областа.
„Руските сили го нападнаа регионот Запорожје во текот на ноќта на 16 април“,
изјави Малашко, додавајќи оти при нападот се оштетени локална црква и зградите околу сакралниот објект.