Генералниот секретар на ЕПП (Европската народна партија), Антонио Лопез, која ги обединува сите конзервативни политички партии од земјите на Стариот Континент, даде поддршка на измените на измените на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, која е членка на групацијата.
На социјалната мрежа Твитер, тој го сподели твитот на меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, напишан на англиски јазик во кој се вели:
„Последните амандмани на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ вклучуваат прогресивни чекори кон внатрепартиска демократија, вклучувајќи го и спроведувањето на најдобрите практики на сестринските партии од ЕПП. Ако сакаме да бидеме дел од ЕУ, мораме прво да ги имплементираме највисоките европски демократски стандарди“,
напиша Муцунски на Твитер.